Вечерва излезе веста за хаосот со Ковид-19 во екипата на Џенова.
Имено, во Џенова се потврдени дури 14 случаи (8 фудбалери). Со оглед дека следи натпреварот со Косово на 8. октомври Спортски.мк го контактираше капитенот Горан Пандев кој ни потврди дека тој не е помеѓу заразените.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Јас сум негативен, но во екипата има многу позитивни. Хаос е утре ќе имаме тестови и се надевам дека се ќе биде во ред“, ни изјави Пандев.