Дома Фудбал Италија Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Интер запиша рутинска победа на гостувањето кај Џенова, а нашиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот меч.

После поразот во градското дерби Интер немаше право на кикс, па од самиот старт тргна по победата.

Џенова добро се држеше и одолеа во првото полувреме, во кое не видовме големи шанси.

Второто полувреме почна во ист ритам, но Лукаку во 64-та минута го доведе Интер во водство после асистенцијата на Барела.

Во 79-та минута Дамброзио ги постави конечните 2:0 откако најдобро се снајде после еден корнер на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Привремениот претседател на Барса: Ќе го продадев Меси за да решат проблемите

Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс истакна дека тој би го продал Лионел…