Јувентус и официјално ја искористи можноста да го откупи во целост договорот на Вестон Мекени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Американскиот репрезентативец минатото лето пристигна од Шалке на едногодишна позајмица за 3 милиони евра со опција за откуп за додатни 18,5 милиони евра.
Мекени одлично се снајде во Јувентус и веднаш се наметна во стартниот тим на Пирло, па „старата дама“ немаше сомнеж дали да го задржи на перманентна основа.
Денес Јувентус потврди дека ја искористил опцијата за откуп на Мекени, а фудбалерот ставил потпис на договор до 2025 година.
#Juve, UFFICIALE: riscattato #McKennie, ecco quanto costerà https://t.co/CxTq8IMqpo pic.twitter.com/xpVGAyqMel
— calciomercato.com (@cmdotcom) March 3, 2021