Maсимилијано Алегри денес потврди дека Вестон Мекени е на чекор од трансфер во Премиер лигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус одлучи да го продаде Американецот кој продолжува во Премиер лигата, најверојатно во Лидс.




„Мекени доби дозвола од клубот да го реши својот трансфер. Клубот ја прифати понудата и се очекува да замине, затоа нема да сметаме на него во недела“, изјави Алегри.




Англискиот клуб прво ќе го позајми Мекени до лето, а ќе има право на откуп за 33 милиони евра. Според најавите договорот кој ќе го потпише ќе има важност до 2027 година.



