Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов кариерата ќе ја продолжи во Полска во редовите на Јагиелонија.
Чурлинов по завршувањето на позајмицата во Шалке се врати назад во Барнли, но македонскиот репрезентативец не беше дел од плановите на тимот за новата сезона во Чемпионшип.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец во полскиот клуб доаѓа на позајмица до крајот на сезоната.
Јагелнија сезоната во полското првенство ја започна со три победи, а исто така го мина и второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.