Искусниот македонски стратег Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман во Кипар каде што ќе ја води екипата на Неа Саламис.
Кипарскиот клуб преку социјалните мрежи го потврди ангажманот на Јаневски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Раководството на Неа Сламис сака да соопшти дека постигна договор со Чедомир Јаневски кој има големо искуство во нашиот шампионат. Оптимисти сме дека ќе имаме успешна соработка“, објавија од клубот.
Главната цел на Јаневски ќе биде да избори опстанок бидејќи во овој момент Неа Саламис е претпоследен клуб на табелата во шампионатот.
Дебито на македонскиот стратег се очекува на 21 октомври против поранешниот негов клуб АЕЛ Лимасол.