Дома Фудбал Италија Официјално: Канаваро за првпат тренер во Италија

Официјално: Канаваро за првпат тренер во Италија

Како и што се најавуваше Фабио Канаваро го има своето прво искуство како тренер во Италија, но воедно и во Европа.

После долги години во кои работеше во Саудиска Арабија и Кина каде што имаше неколку ангажмани Канаваро е промовиран во нов стратег на Беневенто кој сезонава се натпреварува во второто по ранг првенство во Италија, Серија Б.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со Беневенто Канаваро потпиша договор на две години. Засега тренерската кариера на италијанската играчка легенда е далеку од деновите кога беше на терените.

Своевремено Канаваро важеше за еден од најдобрите дефанзивци во светот, а по освојувањето на Светското првенство со Италија во 2006 година успеа да ја освои и „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…