Дома Фудбал Реал Мадрид со порака: Ова е одвратно, сакаме да ја напуштиме Ла Лига!

Реал Мадрид со порака: Ова е одвратно, сакаме да ја напуштиме Ла Лига!

Телевизискиот канал на Реал Мадрид повторно предизвика голема бура во Шпанија по мадридското дерби против Атлетико, во кое Кралевите останаа без победа.

Веднаш по натпреварот, Реал Мадрид ТВ емитуваше остра анализа на судењето, обвинувајќи ги судиите за двојни стандарди и тврдејќи дека нивните одлуки директно влијаеле на исходот од дербито.

Во клубот сметаат дека Атлетико Мадрид за време на средбата требаше да остане со дури девет играчи на теренот.

„”Не знаеме што би се случило ако Атлетико останеше со девет играчи,” истакнаа од Реал Мадрид ТВ, додавајќи дека поради таквото судење е “невозможно да се направи чиста спортска анализа на натпреварот”.

Особено жестоки беа пораките упатени кон Ла Лига и судиската организација.

„Сигурен сум дека многу навивачи на Реал Мадрид сакаат да станат и да го напуштат ова натпреварување. Ова ве тера да посакате да ја напуштите Ла Лига. Сега работите станаа уште покомплицирани, а шрафовите дополнително се затегнати.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарија ќе гостува во Скопје без Џака – отпадна поради лажна потврда за вакцина!

Македонската репрезентација ќе има една олеснителна околност пред дуелот со Швајцарија, би…