Екипата на Барселона после Серхио Агуеро денес претстави уште едно засилување.
Откако вчера нов играч на Барселона стана искусниот напаѓач Серхио Агуеро кој дојде од Манчестер Сити од англискиот шампион доаѓа и 20 годишниот стопер Ерик Гарсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој талентиран дефанзивец од неодамна ги договори сите услови со Барселона, а денес и официјално стана играч на каталонскиот гигант.
Гарсија со Барселона потпиша договор на пет години и ќе има клазула од 400 милиони евра.
„Никаде не е како дома“, порачаа од Барселона со видео за добредојде за 20 годишниот фудбалер.
Com a casa, enlloc! pic.twitter.com/Te1s96Sgkz
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 1, 2021