Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Арапите и ФИФА потпишаа договор

Официјално: Арапите и ФИФА потпишаа договор

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе стане главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) до крајот на 2027 година, соопшти денеска ФИФА.

Договорот, чиј износ не беше објавен, и овозможува на саудиската јавна компанија да стане партнер на ФИФА „со права кои покриваат неколку настани“, вклучувајќи го и Светското првенство за мажи во 2026 година и Светското првенство за жени во 2027 година.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Саудиска Арабија, богата со нафта, но често критикувана за кршење на човековите права, веќе неколку години инвестира милијарди долари во спортот.

Инвестирањето во спортот е дел од стратегијата што ја води престолонаследникот Мохамед Бин Салман, како дел од големиот проект „Визија 2033“, чија цел е да го трансформира кралството во земја на бизнис и туризам и да ја намали неговата зависност од нафта.

„Ова партнерство ќе и помогне на ФИФА успешно да ги испорача своите водечки натпреварувања во следните четири години и, како и сите други наши комерцијални договори, ќе ни овозможи да продолжиме да ги поддржуваме нашите 211 асоцијации членки низ светот“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Потсетување дека Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Страшни сцени на ЕП: Докторите го спасуваа животот на унгарски репрезентативец 🎥

Во 68. минута од натпреварот помеѓу Шкотска и Унгарија видовме страшна сцена во која настр…