Како што пренесува шпански „АС“, искусниот фудбалер за врска веќе во наредниот период би можел да ја напушти Барселона.
Арда Туран веќе некое време е во втор план на „Ноу Камп“, а изгледа дека тоа кај Ернесто Валверде е посебно изразено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот стратег нема доверба во капитенот на репрезентацијата Турција кој поради недостаток на минутажа би можел да ја напушти Каталонија и тоа веќе на стартот на наредната календарска години.
Галатасарај веќе покажа интерес да го врати својот поранешен фудбалер. Во текот на летото не успеаа, но тоа би можело да се промени веќе во јануари. Доколку се врати во Инстанбул во клубот каде што беше и капитен би можел да го добие популарниот доживотен договор.
Барселона веројатно не би имала ништо против Туран да замине, но останува да видиме дали Галтасарај навистина ќе има нов обид да го ангажира искусниот фудбалер. Галатасарај е лидер во турскиот шампионат, а со Арда и дефинитивно би ставиле до знаење дека се враќаат на вистинскиот пат.