Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Откриен скандал во англиската репрезентација: Бен Вајт си заминал поради расправија

Откриен скандал во англиската репрезентација: Бен Вајт си заминал поради расправија


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт кампот на англиската репрезентација од Светското првенство го напушти уште пред околу една недела.

Соопштението за неговото заминување беше кратко. Англичаните само потврдија дека Вајт поради лични причини се враќа дома и нема да го продолжи Мундијалот. Ниту Вајт не се огласи во јавноста, но медиумите на Островот откриваат за што станувало збор.

Вајт не одигра ниту еден натпревар трите од групата на кој беше присутен, а си замина пред нокаут фазата. Според англиските медиуми имало скандал во селекцијата, Вајт влегол во расправија со помошникот на Саутгејт, Стив Холанд.

Наводно Вајт не бил задоволен од тоа како се однесуваат кон него и избрал да биде изолиран и не ги следел насоките на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал Мадрид размислува за Покетино

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Реал Мадрид на лето би можел да направи трен…