Дома Трансфер зона Оскар и се фотографираше во дресот на новиот клуб, но ќе мора да се врати во Кина

Оскар и се фотографираше во дресот на новиот клуб, но ќе мора да се врати во Кина

Бразилецот Оскар сакаше да ја напушти Кина каде што замина поради богатата понуда, но тоа нема да се случи тој ќе мора да остане уште една година во оваа земја.

Големо изненадување беше кога на 25 години Оскар од Челзи се реши да ја напушти Европа и да продолжи во Кина. Сепак, понудата од 20 милиони евра по сезона не можеше да ја доби. Оскар совевремено беше еден од најдобрите офанзивци во светот и во Челзи играше одлично.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од потписот на договорот до денес од Шангај заработи 100 милиони евра. Кога одлично заработи сакаше да ја напушти Кина и да се врати во Бразил.

Преговараше со Фламенго и договорот беше постигнат, дури и се фотографираше во дресот на овој клуб, но Кинезите му го стопираа трансферот.

„Го ценам интересот од Фламенго, но во овој момент трансферот не е можен. Му посакувам на клубот и пријателите кои ги имам таму многу среќа. Ви благодарам“.

Шангај Порт од некоја причина не сакал да ги потпише финалните документи за трансфер и Оскар ќе треба уште една година да помине во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…