Дома Топ вести Од промашување до најскап играч во бразилскиот фудбал!

Од промашување до најскап играч во бразилскиот фудбал!

Габигол од промашување може да стане најскапиот фудбалер во историјата на Бразил.

Ќе потсетиме Интер пред три години го купи Габигол за 29.5 милиони евра и тогаш овој фудбалер важеше за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Како 19 годишник тогаш Габигол од Сантос премина во Интер, иако имаше понуди и од други големи клубови. Меѓутоа во италијанскиот клуб никогаш не се вклопи, ниту пак покажа дел од својот потенцијал. Додуша и не ни доби голема шанса. На 10 натпревари на кои во главно влегуваше од клупата постигна еден гол и после една сезона беше позајмен на Бенфика.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ниту во Лисабон не покажа ништо, одигра само еден натпревар и после шест месеци беше испратен на нова позајмица. Овој пат во матичниот Сантос.

Таму повторно проигра и на 53 натпревари во сите натпреварувања постигна 27 гола. Повторно стана интересен за другите клубови. Сантос не можеше да го задржи поради големата плата (3.5 милиони евра), но Фламенго можеше да си го дозволи.

Фламнго игра одлично се наоѓа во полуфиналето на Копа Либертадорес, а после половина првенство во бразилскиот шампионат се лидери и се најдобар да ја освојат титулата после пауза од 10 години.

И за ваквите резултати еден од најзаслужните е токму Габигол. Минатата сезона беше прв стрелец на лигата, а и оваа сезона убедливо води со 19 голови на 28 натпревари. Со пет голови е прв стрелец на Фламенго во Копа Либертадорес. Таквите настапи му донесоа и повик во репрезентацијата после тр игодини. Вкупно за Фламенго постигна 33 гола на 45 натпревари.

Позајмицата со Фламенго го врзува до крајот на годината кога завршува сезоната во Бразил. Фламенго сака да го откупи и за него е спремен да понуди 16 милиони евра. Таа сума би била најголема што еден бразилски клуб ја платил за некој играч. Покрај тоа што Фламенго сака да го задржи за него се интересираат и клубови како Кристал Палас и Вест Хем, но изгледа дека желбата на играчот е да остане во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…