Милан одлично ја започна сезоната и неочекувано се најде во борба за излез во Лигата на шампиони, па моментално е на третото место со само еден бод помалку од второпласираната Рома.
Новите сопстеници се спремни да вложат значителна сума пари за засилувања во јануари, со цел тимот да остане во трката за место кое води во Лигата на шампиони.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Кориере дело спорт“ денес ја откри листата на „росонерите“ за зимски засилувања, па сигурно фановите ќе бидат презадоволни доколку се реализираат желбите на раководството.
Првото големо име е Цеск Фабрегас кој не добива минутажа кај Конте во Челзи и е спремен да ја промени средината. Двата клуба веќе започнале преговори околу трансферот па можно е Шпанецот да пристигне на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
Второто име кое би требало да го засили средниот ред на „росонерите“ е Милан Бадељ од Фиорентина. Тренерот Монтела сака да го има Хрватот по секоја цена во својот тим, особено после повредата на Монтоливо.
Како засилување во одбраната прва мета е Матео Мусакио од Виљареал, кој и во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Милан, па сега конечно би требало да се пресели на „Сан Сиро“.
И на крај како засилување во нападот се споменува ѕвездата на Баер Леверкузен, Карим Белараби кој игра на крилните позиции и чија цена во моментов изнесува 25 милиони евра.