Дома Топ вести Објавен распоредот и во Ла Лига: Столе дебитира против Барса!

Објавен распоредот и во Ла Лига: Столе дебитира против Барса!

Шпанската Ла Лига како и Премиер лигата претходно, го објави распоредот за новата сезона, па така е познато дека Столе Димитриевски ќе дебитира против Барселона.

Сезоната во Ла Лига започнува викендот 17/18 август и во првото коло ќе има неколку интересни натпревари. Секако ќе биде интересно да се види и првиот натпревар во Ла Лига за Килијан Мбапе.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Реал Мадрид сезоната ја отвора против Мајорка. Димитриевски со Валенсија ќе биде домаќин на Барселона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против Виљареал.

Барселона и Реал Мадрид во првото „Ел Класико“ ќе се соочат во 11. коло кон крајот на октомври, додека второто е во месец мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати четвртфиналните двојки на Лигата на Европа

Познати се сите учесници во четвртфиналето на УЕФА Лигата на Европа откако завршија реванш…