Дома Фудбал Еве како може да изгледа новиот Реал, само седум фудбалери се сигурни, пред заминување и една голема ѕвезда!

Еве како може да изгледа новиот Реал, само седум фудбалери се сигурни, пред заминување и една голема ѕвезда!

Реал Мадрид се подготвува за голем ремонт по катастрофалната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неуспехот во вчерашното Ел Класико против Барселона го означи официјалниот старт на летната реконструкција што Реал Мадрид мора да ја спроведе. Кралскиот клуб овојпат потфрли на сите фронтови, нема натпреварување каде што постигнале задоволителен резултат, а тоа е нешто што клуб со калибарот на Реал не му дозволува да биде занемарено или простено.

Затоа претседателот Флорентино Перез веќе почна со акција, најпрво решавајќи го прашањето на новиот тренер. Оваа улога треба да ја преземе Жозе Мурињо, кој по 13 години се враќа на Сантјаго Бернабеу, со цел да воспостави стабилност и авторитет во тимот.

Најавена е голема реконструкција на играчкиот состав, каде што само седум играчи би требало да бидат дел од иднината. Тоа се голманите Тибо Куртоа и Андриј Лунин, како и играчите Џуд Белингем, Федерико Валверде, Арда Гулер, Килијан Мбапе и Ендрик.

Сите други се или на продажба или ќе го напуштат клубот ова лето со истекот на нивните договори. Еден од нив е и Винициус Жуниор, кого Реал начелно сака да го задржи, но досега не успеваат да постигнат договор околу платата во неговиот нов договор (на сегашниот договор му истекува на 30 јуни 2027 година).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Дибала самиот најави заминување од Рома!

Пауло Дибала (32) откри дека Рома сè уште не го контактирала за да го продолжи договорот, …