Дома Фудбал Останато ОБНОВЕНО: Фудбалерите на Бока, позитивни на допинг тестирањето…

ОБНОВЕНО: Фудбалерите на Бока, позитивни на допинг тестирањето…

Реванш мечот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока и натаму е во центарот на вниманието.

По синоќешните инциденти во кои беа повредени неколку фудбалери на Бока, мечот е преместен за денес на програмата во 21 часот, но и тоа е под знак прашалник.

Споре последните информации од Аргентина, солзавецот кој е фрлен во автобусот со играчите на Бока соддржи супстанца кортикостероид кој е на листата забранети супстанци КОНМЕБОЛ.

Играчите го внеле тоа во организмот што ви значело дека би паднале на допинг тестот по мечот.

Оние наклонетите на Бока тврдат дека полицијата била дел од целиот напад, и дека намерно фрлиле солзавец во автобусот.

Во меѓувреме, капитенот на Бока, Пабло Перез замина на уште еден офтамолошки преглед, овојпат го промени својот лекар, а неговите соиграчи тврдат дека нема да излезе на теренот доколку не е во состојба да заигра против Ривер.

До почетокот на мечот, доколку воопшто се игра на Монументал, има нешто помалку од 5 часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем без проблеми до осминафиналето во Лига Европа 🎥

Фудбалерите на Тотенхем вечерва на свој терен го победија Волфсбергер (4:0) и во вториот н…