Дома Фудбал Германија Ноер потпиша нов договор со Баерн: Повторно ќе имаме тим со кој ќе се бориме за сите трофеи

Ноер потпиша нов договор со Баерн: Повторно ќе имаме тим со кој ќе се бориме за сите трофеи

Иако во претходните неколку дена се појавија информации дека Мануел Ноер не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхе, сепак гигантот од Минхен утрово објави продолжување на соработката.

Новиот договор на Ноер ќе има важност до 2024 година.

„Среќни сме што Мануел Ноер го продолжи договорот до 2024. Тој е тука од 2011, тој е наш капитен и најдобриот голман во светот. Мануел е наша голема поддршка на теренот и надвор од него. Ќе продолжи да има клучна улога во нашите цели“, изјави спортскиот директор Салихамиџиќ.

Задоволство од продолжувањето на соработката истакна и Ноер.

„Среќен сум што продолжувам тука, повторно ќе имаме тим со кој можеме да се бориме за титули. Како голман, капитен и лидер сакам да имам важна улога во нашите цели. Ќе продолжиме да атакуваме на сите трофеи дома и во Европа“, истакна Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Meсто отказ, нов договор: Последниот тим на табелата во Премиер лигата ја продолжи соработката со тренерот Купер

Иако Нотингем Форест е последен тим на табелата во Премиер лигата и се најавуваше промена,…