Maнуел Ноер оваа сезона е мета на критики на германската јавност бидејќи многумина веруваат дека повеќе не заслужува да биде прв голман на репрезентацијата на Германија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ноер не блеска оваа сезона, имаше проблеми и со повредата. Германската јавност смета дека местото прв голман во германската селекција треба да му припадне на Марк-Андре Тер Штеген кој одлично брани во Барселона.
На сето ова следуваше реакција од Баерн и порачаа дека никој од нивната екипа нема да игра за репрезентацијата ако Ноер не биде прв голман. Колку во Баерн го почитуваат Ноер покажува и изјавата на директорот на овој тим Карл-Хајнц Румениге.
„Знаеме колку Ноер значи за тимот. Нема потреба да се разговара за неговите квалитети. Во животот сум видел како бранеле Сеп Маиер, Оливер Кан…Многу ги почитувам тие беа светска класа, но Ноер е најдобар голман кој светот го некогаш го видел“, порача Румениге.