Дома Фудбал Скапо ќе го чини кажаното! Судиите возвратија силен удар на Флорентино Перез!

Скапо ќе го чини кажаното! Судиите возвратија силен удар на Флорентино Перез!

Тежок ден за првиот човек на Реал Мадрид, а причината е силниот удар кој му го подготвија судиите од Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, шпанските судии рекоа дека е доста и презедоа мерки за да се заштитат од острите обвинувања кои ги кажа Флорентино Перез.

Нивниот синдикат поднесе барање до Комисијата за натпреварување со кое бара започнување на дисциплинска постапка против првиот човек на Реал Мадрид.

Шпанските судии бараат клубот, но и претседателот, јавно да се извинат за изговореното.

Изјавите на Флорентино Перез оваа недела одекнаа во судиската заедница како бомба.

Имено, тој со изјавите ги обвини судиите за системска корупција и кражба на лигашките титули.

Како резултат на сето тоа, судиите одлучија да преземат правни мерки.

Неколку изјави ги доведоа судиите до точка на „пукање“ и предизвикаа огорченост кај нив.

“Тука сум многу сезони и освоив 7 Лиги на шампиони и 7 титули на Ла Лига, но ми останатите ми беа украдени.

Системска корупција веќе две децении, а уште се истите судии. Истите судии прават исти работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…