Металург запиша нов пораз во рамки на регионалната СЕХА лига на гостувањето кај Мешков Брест со 35:30.
Металург во првото полувреме беше одличен противник, но вториот дел се покажа како поповолен за домаќините.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
По максималните 4 негатива кои ги имаше Металург во првиот дел, сепак тимот од Автокоманда на неколкупати се враќаше, па на полувремето заминаа само со 1 гол негатива, односно 18:17.
Контролата на мечот несомнено во вторите 30 минути ја имаше Мешков Брест кој создаваше разлика. По максималните осум гола предност, сепак на крајот домаќинот славеше со 5 погодоци, односно 35:30.
Во таборот на Металурзите најпрецизен беше Кузмановски со постигнати осум погодоци.