Македонската фудбалска репрезентација во понеделник го има првиот собир за мечевите со Грузија во Тбилиси на 23 септември и Бугарија во Скопје на 26 септември, две последни средби во групната фаза во Лигата на нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот Благоја Милевски има сериозни проблеми околу тимот, по повредата на Чурлинов, Тихомир Костадинов и Ердон Даци, сега на списокот се придодава и Ваљон Етеми.
Етеми во последните две недели беше одличен во турската Суперлига, но сепак повредата дојде во незгоден момент и за фудбалерот и за репрезентацијата.
Собирот на македонската репрезентација е закажан за утре од 12 часот, а од списокот отпаднаа и Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски.