Дома Фудбал Нови проблеми за Зидан пред „Ел Класико“

Нови проблеми за Зидан пред „Ел Класико“

Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема да може да смета на Еден Азар и Серхио Рамос во следниот период поради повреди.

Белгиецот требаше да се врати на теренот деновиве, но му беше продолжена паузата до крајот на ноември. Додека капитенот на „кралевите“ се здоби со повреда на коленото на мечот со Кадис и нема да игра против Шахтјор во Лигата на шампиони.

Рамос не може нормално да тренира и затоа не сакаме да ризикуваме“, потврди Зидан.

Шпанскиот репрезентативец засега не е сигурен ни за претстојното „Ел Класико“, кое на програмата е во сабота од 16 часот на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Михајловиќ за „кртот“ во соблекувалната: Ќе го обесам на ѕид

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека има „крт“ во собчекувалната и во моментов …