Спортскиот директор на Наполи, Кристиано Џинтуоли на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Џинтуоли сосема извесно ќе се пресели во Јувентус, кој е во потрага по нов спортски директор.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Преговорите се во завршна фаза, а Џинтуоли ќе добие важна улога и многу големи права околу спортскиот сектор во клубот.
Тој ќе биде одговорен за заслувањата, а првиот потег што ќе го направи е тренерска смена. Имено, тој смета дека Алегри треба да биде сменет и дека не е профил каков што му е потребен на клубот.
„Според мислењето на Џунтоли, Алегри не е вистинскиот тренер за Јувентус“, пренесуваат италијанските медиуми.
На листата желби на Џинтуоли се Роберто де Зерби и Антонио Конте.