Дома Фудбал Пол Сколс брутално порача: Со него во првите 11 Јунајтед не може да биде шампион

Пол Сколс брутално порача: Со него во првите 11 Јунајтед не може да биде шампион

Пол Сколс очигледно не е фан на Сене Ламенсе. И покрај одличните партии кои ги пружа Белгиецот откако пристигна на Олд Трафорд, Сколс смета дека Јунајтед со него во првите 11 не може да дојде до титулата.

Ламенс минатото лето дојде од Ројал Антверп во трансфер вреден околу 21,7 милиони фунти и многу брзо стана првиот избор на голот на Јунајтед, тргајќи го на клупата Алтај Бајиндир.

Неговите игри добија многу пофалби од навивачите, кои сметаат дека клубот конечно доби сигурен чувар на мрежата по ерата на Давид де Геа.

Сепак, Сколс не е убеден дека 24-годишниот Белгиец е решението за најголемите амбиции на Манчестер Јунајтед.

Говорејќи во подкастот The Good, The Bad & The Football, поранешниот играч од средниот ред не се воздржуваше во своите зборови.

“Која екипа сте виделе дека ја освои Премиер лигата без голман од светска класа?”, праша Сколс.

Неговото коментар следуваше по градското дерби против Манчестер Сити, во кое Ерлинг Халанд успеа да го совлада Ламенс.

“Арсенал пред три или четири години имаше фантастична одбрана, но им недостасуваше голман од светска класа. Тоа е разликата кога сакате да освоите титула”, додаде Сколс.

Ламенс претходно изјави дека сака да остане во Манчестер Јунајтед најмалку десет години и да стане една од клупските легенди, како Питер Шмајхел и Едвин ван дер Сар.

“Во Англија можат брзо да те издигнат, но подеднакво брзо и да те срушат. Убаво е кога ме споредуваат со Шмајхел, но свесен сум дека морам уште многу да докажам. Се надевам дека ќе поминам тука десет години и ќе оставам трага во клубот”, рече белгискиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо даде дозвола: Напаѓачот на Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед!

Жестока е конкуренцијата во нападот на Реал Мадрид. Поради тоа, Жозе Мурињо, тренерот на н…