Вечерва одбојкарската репрезентација на Македонија ја започнува Европската златна лига која за нашите одбојкари би била загревање пред квалификациите за ЕП.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Противник на Македонија ќе биде селекцијата на Естонија. Натпреварот се игра вечерва со почеток од 20:15 часот.
Покрај Македонија на првиот турнир од ова натпреварување покрај Естонија е уште и Чешка.
Чешка и Естонија ќе се соочат во сабота, а в недела повторно игра Македонија, но тогаш против Чешка.
Овие натпревари ќе бидат први на клупата за новиот селектор Хари Наковски.