Дома Трансфер зона Новиот напаѓач пристигна во Барселона

Новиот напаѓач пристигна во Барселона

Бразилскиот 18-годишен напаѓач Витор Роке денеска пристигна во Барселона, објави клубот на својата официјална страница.

Младиот напаѓач пристигнува од Атлетико Параненсе за 40 милиони евра. Роке е означен како голем потенцијал и веќе зад себе има одлични настапи во сениорска конкуренција во Бразил. Само оваа година постигна 20 голови во сите натпреварувања, а додаде уште осум асистенции.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Првичниот план на Барселона со Роке беше тој да пристигне на крајот од сезоната. Барселона го договори минатото лето со цел да го има за наредната сезона, меѓутоа неефикасноста во нападот и повредите придонесоа клубот да реагира порано.

Првиот натпревар во кој Роке би можел да дебитира ќе биде против Лас Палмас на 4-ти јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Веќе се најавува првиот голем потег на Клоп – тргнува по играч на Реал Мадрид!

Според последните информации од медиумите на Јирген Клоп не му требаше многу време да ги п…