Дома Топ вести Новиот газда го сака Зидан во Манчестер Јунајтед

Новиот газда го сака Зидан во Манчестер Јунајтед

Новиот ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф сонува на клупата на „Олд Трафорд“ да го види Зинедин Зидан.

После три години откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Луѓе блиски до Французинот тврдат дека тој е одлучен во намерата на лето да започне нов проект во некој европски клуб.

Ретклиф во прв момент му изрази поддршка на Тен Хаг, но извори блиски до него тврдат дека Јунајтед на крајот од сезонава ќе го смени холандскиот стратег и ќе донесе нов тренер.

Негова најголема желба е токму Зидан и наскоро ќе стапи во контакт со Французинот да му го презентира новиот проект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…