
Пред неколку дена се појави информација дека Ал Хилал е сериозно заинтересиран за доведување на Усман Дембеле.
Челниците на овој клуб се надеваа дека Дембеле ќе одлучи да си замине од ПСЖ ова лето и беа спремни да тргнат по неговиот потпис.
Сепак, од тоа нема да има ништо. Дембеле одлучи каде ќе игра во текот на кариерата, а тоа останува, како и досега, Париз Сен Жермен.
Усман Дембеле се наоѓа пред потпис на нов договор со Париз Сен Жермен, според информациите на новинарот Абделах Булме.
Францускиот репрезентативец и актуелниот европски првак се блиску до конечно договор околу продолжување на соработката, и остануваат само неколку детали што треба да се усогласат пред официјалната потврда.
Дембеле имаше многу успешен период во дресот на ПСЖ, а клубот го гледа како еден од клучните играчи за иднината на тимот.
И токму затоа Парижаните сакаат да го обезбедат неговото останување и да спречат можност една од најголемите ѕвезди да го напушти клубот.
Според изворите, преговорите се во завршна фаза и двете страни се оптимисти дека наскоро ќе се постигне конечен договор.