Пол Погба иако беше на излезна врата од „Олд Трафорд“, сега е спремен да побара потпише ног договор со Манчестер Јунајтед, тврди „ЕСПН“.
Французинот во последните месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Јувентус, но овие клубови не се спремни да ја платат отштетата која ја бара Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба има договор до 2021 година, влегува во последната година, па неговата иднина мора да биде решена ова лето.
Манчестер Јунајтед се наоѓа во добра серија од 15 меча без пораз, притоа е многу блиску до пласман во Топ 4. „Црвените ѓаволи“ во јануари го донесоа Бруно Фернандеш кој со Погба направи одличен тандем на средината од теренот.
Поради тоа Французинот е спремен да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, а во следните месеци Јунајтед ќе седне на преговарачка маса со неговиот агент Мино Раиола.