Дома Фудбал Италија Ништо од ПСЖ: Задоволен е во Торино или чека заминување на Венгер?

Ништо од ПСЖ: Задоволен е во Торино или чека заминување на Венгер?

Работата е завршена, а ќе биде официјализирана за неколку дена.

Алегри не оди во ПСЖ, тој потпишува нов договор со Јувентус. Поточно, имаше договор до крајот на следната, а ќе го продолжи за уште една иако се шпекулираше дека ќе добие продолжување на три години.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


После оваа информација англиските медиуми започнаа шпекулации дека Алегри има желба да биде наследник на Арсен Венгер во Арсенал. Да потсетиме, наводно ПСЖ на Италијанецот му понудиле 10 милиони евра по сезона, но неговата намера е да остане уште неколку сезони во Торино.

Во Јувентус ќе добие зголемување на платата, од сегашните 5 милиони по сезона, Алегри ќе добие 7.5 милиони евра плус бонуси, што значи ќе зработува исто колку и најплатените во тимот Дибала и Игуаин.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Саудијците сакале да купат уште еден европски гигант

Саудискиот инвестицски фонд од Саудиска Арабија се обидел да го купи Атлетико Мадрид, но к…