Дома Видео Нико Ковач се расплака на прес-конференцијата

Нико Ковач се расплака на прес-конференцијата

Нико Ковач одржа прес-конференција пред гостувањето на Монако кај Стразбург.

Откако доби прашање за Златко Крањчар, легендарниот хрватски фудбалер и тренер, кој вчера наполни 65 години, Нико Ковач заплака.

Новинарите ги интересираше дали Ковач учел од Крањчар.

„Тажен сум, беше мој тренер.“ – рече Ковач и заплака.

„Простете. Не ми е лесно бидејќи поминавме прекрасни моменти. Златко пред се беше голем човек, секогаш весел и тренер од кој многу научив. Исто така ми ја даде капитенската лента во репрезентацијата па тој за мене е важна личност. Сите сме тажни поради неговата смрт. Нека почива во мир.“ – додаде Ковач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…