Дома Фудбал Останато Изненадување: Хрватот Нико Ковач може да седне на клупата на второлигаш

Изненадување: Хрватот Нико Ковач може да седне на клупата на второлигаш

Како што стојат работите, Хрватот Нико Ковач е пред изненадувачки ангажман и би можел да седне на клупата на германски второлигаш.

Според извори блиски до Ковач, хрватскиот стратег е во преговори со Хамбург, но се наведува и дека додека преговара тој чека и поатрактивна понуда која повеќе би ги задоволила неговите амбиции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ковач во редовите на Волфсбург доби отказ по речиси две години на клупата. Клубот го предводеше на 66 натпревари во кои оствари учинок од 23 победи, 17 нерешени натпревари и 26 порази.

Во кариерата Ковач беше тренер уште на: Ајнтрахт, Франкфурт, Баерн и Монако. Исто така ја предводеше и репрезентацијата на Хрватска до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети сака да го врати во Јувентус дефанзивецот со кого доминираше во Серија А

Лучано Спалети, стратегот на Јувентус, одлучен е повторно да се здружи со поранешниот цент…