Дома Фудбал Eдна од најголемитее желби на Манчестер јунајтед за нов тренер е Хрват!

Eдна од најголемитее желби на Манчестер јунајтед за нов тренер е Хрват!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, во Лигата на шампионите се соочува со Тотенхем Хотспур, клуб чии интереси порано го доведоа блиску до неговото ангажирање пред речиси четири и пол години. Според информации од германските медиуми, хрватскиот стратег тогаш бил високо на листата желби на лондонскиот клуб, а сега е на врвот на листата желби на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според сознанијата на Sky Sport, Ковач се наоѓа на кратката листа на Манчестер Јунајтед, кој го разгледува новиот тренерски избор и се интересира за неговата ситуација. Името на Ковач исто така неодавна е споменато и во Челси, каде внатрешно се размислувало за него откако Енцо Мареска доби отказ, според германска новинарска куќа.

И покрај интересот Ковач останува посветен на Борусија Дортмунд, со која има потпишан договор до 2027 година, што беше обновен пред половина година. Под негово водство, клубот постигнува добри резултати: се наоѓа на второто место на табелата во Бундеслигата и на добар пат е во Лигата на шампионите. Додека во Германија се дебатира за стилот на играта на неговиот тим, во Англија се цени неговиот јасен и прагматичен пристап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин со една реченица предизвика реакција на СП, па доби брз одговор!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, беше критикуван од…