Дома Фудбал Останато Нејмар се договорил со ПСЖ, нов договор за истата плата?

Нејмар се договорил со ПСЖ, нов договор за истата плата?

После вчерашниот пораз на ПСЖ од Лил шпанските медиуми објавија дека Нејмар бил бесен толку многу што донел одлука да го напушти Париз, веднаш Барселона се истакнуваше во прв план.

Сепак, веќе денес од Франција пристигнуваат поинакви информации. Нејмар наводно ќе потпише нов договор со ПСЖ кој ќе има важност до летото 2026 година, а Бразилеџот ќе ја добива истата плата како и со овој договор, 36 милиони евра по сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар и неговиот манџерски тим добро знаат дека ниту еден клуб во Европа денес не ќе може да јa изедначи или зголеми оваа понуда со оглед на економската криза која ги погоди сите поради пандемијата.

Се очекува деталите да бидат завршени многу брзо, а Нејмар би требало да добие и бонус за потпишувањето на договорот од околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…