Дома Фудбал Останато „Нејмар е одличен ама не е ниту во топ 30 фудбалери во Европа“

„Нејмар е одличен ама не е ниту во топ 30 фудбалери во Европа“

Во вторникот благодарение на Нејмар ПСЖ стигна до победа од 1:0 против Лајпциг во рамките од Лигата на шампионите.

Според информациите кои доаѓаат од Франција Нејмар наскоро ќе потпише нов петгодишен договор со ПСЖ. Ако тоа се случи ќе се стави крај на шпекулациите кои го поврзуваат со враќање во Барселона.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Барселона сега е во тежок момент, претседателот Бартомеу си замина и се чекаат изборите на кои ќе се види кој ќе биде новиот претседател на каталонскиот гигант. Еден од кандидатите е познатиот адвокат Тони Фреиска.

„Нејмар е одличен фудбалер, но за мене не е ниту во топ 30 фудбалери во Европа. Ако јас станам претседател тој сигурно нема да се врати во Барселона“, изјави Фреиска.

Кој и да стане прв човек на Барселона, засилувањата сигурно ќе бидат во втор план, главната работа која навивачите ја очекуваат од тој што ќе го наследи Бартомеу е да го убеди Меси да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сериозен проблем за Аморим: Фернандеш е повреден!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, може да биде отсутен извесно време откак…