Дома Фудбал Останато Нема крај на проблемите за Роналдињо: Изгуби спор со работник кој добил струен удар во неговиот дом

Нема крај на проблемите за Роналдињо: Изгуби спор со работник кој добил струен удар во неговиот дом

Кога нешто ќе тргне на лошо некогаш не знае да запре, а тоа сега на своја кожа го осети бразилската легенда Роналдињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдињо од пред неколку дена е во притвор во Парагвај поради влегувањето со лажен пасош во оваа земја заедно со неговиот брат. Полцијата достави барање до судот Роналдињо да се брани од слободна со парична казна, меѓутоа судот поради можноста Роналдињо да ја напушти државата го стави во притвор.

Сега пристигнуваат нови лоши вести поврзани со правдата за бразилскиот ас.

Имено, Роналдињо во Бразил изгуби спор со работник кој работел на неговата куќа. Работникот кој работел кај Роналдињо добил струен удар. Од струјниот удар електричарот останал жив, меѓутоа до крајот на својот живот ќе биде инвалид. Поради тоа тој се одлучил да го тужи славниот фудбалер. Судот пресуди во корист на работникот и Роналдињо ќе мора да му плаќа доживотна нега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ сè уште нема одлука за својата иднина во Милан

40-годишниот играч за врска Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за својата ид…