Дома Македонски спорт Мак фудбал Нелоски: Разбудете се ФК Вардар пропаѓа!

Нелоски: Разбудете се ФК Вардар пропаѓа!

Владимир Нелоски вечерва во гостувањето на ТВ емисијата на „Канал 5“ „Само Вистина“ испрати апел за помош на Вардар.

На македонската спортска јавност и е добро позната ситуацијата во која се наоѓа Вардар. Веќе со месеци не е јасно што ќе биде со најтрофејниот македонски клуб.

„На крајот од емисијата сакам да спомнам една неполитичка тема и да ги повикам сите власти и централната и градската околу порпаѓањето на ФК Вардар. Клубот пропаѓа, а тој е најголемиот симбол на Македониај и на Градот Скопје. Цела Европа го препознава Вардар, затоа треба да се најде начин и решение. Ова го кажувам неполитички и како човек кој 10 години бил дел од тој клуб“, повика Нелоски.

Симболично тој извади и часовник алудирајќи на тоа дека времето истекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Oфицијално: Флик го напушта Баерн!

Tренерот на Баерн Минхен Ханси Флик и официјално си заминува. Германскиот стратег за негов…