Дома Фудбал Неверојатна сцена во Шпанија: Играчите одбија да играат во второто полувреме

Неверојатна сцена во Шпанија: Играчите одбија да играат во второто полувреме

Натпреварот од 20. коло во Сегунда помеѓу Рајо Ваљекано и Албасете може да биде прикинат.

Имено, натпреварот започна во 20 часот, се одигра првото полувреме и резултатот беше 0-0. Гостите останаа со помалку играч во судиското надополнување.

Но ништо од тоа не е причината Имено, играчите на гостинскиот тим одбија да излезат на теренот за да го одиграат вториот дел.

Причината поради оваа одлука на тимот е тоа што навивачите на Рајо го навредуваа играчот на Албасете, Зозулија дека е нацист.

Речиси еден час се чека почетокот на вториот дел, а скоро сигурно е дека натпреварот нема да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема трагедија во семејството на Роналд Куман, почина неговата сопруга

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, соопшти соч…