Maкедонскиот голман Столе Димитриевски во Рајо Ваљекано доби соиграч од славно семејство. Имено, синот на легендата на Рома Франческо Тоти, Кристијан потпиша договор со шпанскиот клуб.
Шпанските медиуми потврдуваат дека синот на италијанската легенда го напуштил Фросиноне каде што досега настапуваше и со Рајо ќе потпише договор до крајот на сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тимот на Фросиноне веќе најави дека Кристијан во Ла Лига ќе добие шанса да собере искуство и да израсне во наследник на римската икона, но и италијанскиот фудбал.
Така Кристијан Тоти во Мадрид ќе остане најмалку до јуни, се ќе зависи од неговите настапи и форма во месеците кои следат.
Cristian Totti makes the move to Spain 🇪🇸 signing a contract with Rayo Vallecano ✍🏼 pic.twitter.com/tFB4ktgf0b
— AS Roma Collection (@ASRomaMatchworn) January 25, 2024