Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски се наоѓа според шпанските медиуми се наоѓа во една непријатна ситуација со оглед на тоа дека веќе има начелен договор за трансфер во Валенсија, меѓутоа тој се уште не е официјализиран.
Имено, Валенсија прво треба да го продаде сегашниот голман Мамардашвили, па потоа да го доведе Димитриевски. Македонскиот чувар на мрежата полека губи трпение бидејќи сегашниот договор со Рајо му завршува на 30. јуни, а информациите се дека прифатил да почека до денот на истекот на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку управата на Барселона до тој момент не ги реши проблемите со грузискиот голман кого сакаат да го продадат за 30 милиони евра, тогаш тој би побарал друга средина или би го продолжил договорот со Рајо.
Во текстот се наведува дека Димитриевски поради интересот од Валенсија одбил понуди од Бетис и Севиља, како и дека пред себе имал две понуди од Саудиска Арабија. Сепак, засега Саудиска Арабија не е во неговите планови.