Дома Останати Кошарка НБА НБА ги објави петорките за „Ол-Стар“ натпреварот, Леброн доби најмногу гласови

НБА ги објави петорките за „Ол-Стар“ натпреварот, Леброн доби најмногу гласови


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



НБА лигата ги објави имињата на десет кошаркари кои ќе стартуваат во петорките на овогодинешниот „Ол-Стар“ натпревар.

Најмногу гласови доби Леброн Џејмс кој по шести пат ќе биде во улогата на капитен, а трети пат противник ќе му биде Јанис Антетокумпо.

Покрај Леброн за Западот ќе играат: Никола Јокиќ, Зион Вилијамсон, Стеф Кари и Лука Дончиќ.

Јанис ќе го предводи Истокот кој ќе биде составен уште од: Кевин Дурант, Џејсон Татум, Кајри Ирвинг и Донован Мичел.

Во жестоката конкуренција од петорката отпадна Џоел Ембид кој покрај Јанис, Дурант и Татум на неговата позиција остана четврти.

Леброн доби околу 7.5 милиони гласови, Јанис 6.78.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Како се создаде новиот македонски дрес – дизајнерот Мартин од „Некст Tајм“ ги открива деталите!

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Новите дрес…