Дома Фудбал На лагата на „Мундо Депортиво“ за Пике наседна целиот свет – се било една обична шега!

На лагата на „Мундо Депортиво“ за Пике наседна целиот свет – се било една обична шега!

pique

„Mундо Депортиво“ кон крајот на 2018 година пласираше интересна вест која набрзо се покажа дека е лажна, поврзана за Жерар Пике.

Новинарите на овој медиум пренесуваа „ексклузива“ дека Пике ќе прости од фудбалот на крајот на наредната сезона (кога ќе има 32 години) и дека тогаш ќе го насочи своето внимание кон тоа да стане претседател на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тие ги измислиле и плановите на Пике дека околу себе сака да ги собере поранешните соиграчи Пујол, Чави и Иниеста кои би имале одредени функции во клубот, како и да го промени името на „Ноу Камп“ во „Вака Вака Ноу Камп“.

Но сето тоа било една обична шега!

„Мундо Депортиво“ сега им објасни на своите читатели ширум светот дека 28 декември (денот кога беше пуштена веста) е ден познат како „Ел Диа де Лос Сантос“, односно ден кога се прават шеги на туѓа сметка (нешто слично како 1-ви април).

Весникот мораше да дава објаснување поради големата прашина која се крена во јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…