Дома Фудбал Направија план како да му соопштат за смртта на Диего: До тогаш му пуштаат серии за Пабло Ескобар

Направија план како да му соопштат за смртта на Диего: До тогаш му пуштаат серии за Пабло Ескобар

Помина веќе некое време од смртта на Диего Марадона.

Додека сите се помирија со болната вистина и заминувањето на Марадона, неговиот поранешен тренер Карлос Биљардо се уште не ја дознал таа информација.

Биљардо веројатно е единствената особа на светот од кој се крие смртта на Дон Диего.

„На Карлос му ја изгасивме телевизијата, не сакаме да дознае за смртта на Диего.“ – откри Хорхе Биљардо, братот на човекот кој со Марадона во 1986. година се качи на светскиот трон.

На Карлос на Нетфликс му пуштиле серија за Пабло Ескобар со образложение дека ТВ канали не може да гледа поради проблем со антената, но свесни се дека порано или подоцна мора да дознае.

Сега синот на Карлос одлучи тешките вести за смррта на Диего да му ги соопшти заедно со неколку поранешни играчи од 1986. година.

„Неколку играчи од таа генерација ќе го посетат Карлос, ќе го процениме неговото здравје и ќе најдеме начин да му соопштиме за Диего, бидејќи кога тогаш ќе дознае дека Марадона е мртов.“ – изјави Карлос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Милан: Росонерите останаа без двајца клучни играчи!

Големи и неочеувани проблеми за Милан во текот на ноќта. Росонерите за гостувањето против …