Дома Трансфер зона Наполи го претстави играчот кој пред еден месец ни даде гол во Скопје

Наполи го претстави играчот кој пред еден месец ни даде гол во Скопје

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас денес и официјално за нов соиграч го доби Грузиецот Квича Кваратсхелија, трансфер кој беше потврден од претходно.

Грузиецот кој гостуваше неодамна во Скопје и беше стрелец на еден од головите во победата од 3:0 во Наполи ќе заработува еден милион евра годишно.

Од него во Наполи, но и во Грузија очекуваат многу затоа што се опишува како играчот кој покажал најмногу потенциајл и квалитет во последните неколку години во грузискиот фудбал.

Во кариерата тој беше дел од Рубин Казан, но по руската агресија и санкциите кон руските клубови се врати во татковината. Со Наполи потпиша договор на пет години. Станува збор за играч кој може да игра на сите позиции зад напаѓачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ ја „краде“ големата желба на Челзи

ПСЖ се вклучи во трката за францускиот дефанзивец, Весли Фофана, пренесува „Скај Спорт“. П…