
Македонската ракометарка Елена Ѓорѓиевска ќе ја продолжи својата интернационална кариера во Србија, откако официјално потпиша за белградска Црвена звезда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусната 36-годишна ракометарка, која настапува на позицијата десен бек, пристигнува како едно од главните засилувања на српскиот клуб во пресрет на новата сезона. Со богато меѓународно искуство и настапи за повеќе европски екипи, Ѓорѓиевска треба да донесе дополнителен квалитет и лидерство во составот на Црвена звезда.
Во изминатата сезона таа беше дел од турски Одунпазари, а во својата успешна кариера има освоено и титула во Лигата на шампионите со црногорскиот гигант Будуќност.
Со овој трансфер, Ѓорѓиевска ќе се придружи на уште една македонска ракометарка во редовите на Црвена звезда – репрезентативната голманка Јована Мицевска, која веќе е дел од белградскиот клуб.
Ѓорѓиевска нема да чека долго за првиот голем предизвик во новиот дрес. Црвена звезда ќе настапи во квалификациите за Лигата на Европа, каде што за пласман во следната рунда ќе се соочи со романскиот Корона Брашов.