Дома Фудбал Колина упати жестоки зборови кон Дешам и му одржа лекција за векови

Колина упати жестоки зборови кон Дешам и му одржа лекција за векови

Дидие Дешам по поразот на Франција од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство не сакаше директно да го критикува судијата Иван Бартон, но постави прашање дали салвадорскиот арбитaр бил на нивото на натпревар од толкава важност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговите зборови стигнаа до Пјерлуиџи Колина, претседателот на комитетот за судење на ФИФА, кој застана во одбрана на Бартон.

„Да, дефинитивно“, беше одговорот на Колина на прашањето дали Бартон бил доволно квалитетен за да води полуфинален натпревар на Светското првенство.

ФИФА порача дека нивните арбитри се „светска класа“ и дека имаат голема доверба во нив.

Дешам по елиминацијата призна дека Шпанија била подобар противник, но сметаше дека имало неколку ситуации кои влијаеле на текот на натпреварот. Особено истакна спорните одлуки, иако нагласи дека главната причина за поразот не била само судењето.

Колина така испрати јасна порака – Бартон ја имал довербата на ФИФА и според нивното мислење ја оправдал селекцијата за еден од најголемите натпревари на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Обамејанг се сели во Шпанија

Новајлијата во Ла Лига, Депортиво Ла Коруња, ќе го ангажира напаѓачот Пјер-Емерик Обамејан…