Дома Фудбал Обамејанг се сели во Шпанија

Обамејанг се сели во Шпанија

Новајлијата во Ла Лига, Депортиво Ла Коруња, ќе го ангажира напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг со трансфер од Марсеј во вредност од 1,5 милиони евра, јавува Foot Mercato.

L’Еquipe додава дека 37-годишниот ветеран одбил понуда од новајлијата во турскиот елитен фудбал, Чорум. Таму му понудиле договор за две сезони со годишна плата од 3,5 милиони евра.

Сепак, Обамејанг ја избрал понудата на Депортиво и така ќе се врати во Ла Лига, каде играше за Барселона во пролетта на 2022 година. Освен тоа, бил дел од други големи тимови како Борусија Дортмунд, Арсенал и Челси. Минатата сезона Габонецот одигра вкупно 41 натпревар со 14 гола и 10 асистенции за Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Јувентус: Капитенот на екипата ќе биде надвор од терените до крајот на годината, се повреди и Бога

Јувентус се соочува со голем проблем со повредите на играчите, а последниот играч кој се п…