
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, присуствуваше на синоќешниот натпревар од полуфиналето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Франција.
За време на полуфиналниот дуел во Далас, еден навивач му додаде на Инфантино знаме на Палестина за да го потпише.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веднаш, без никаква колебливост, првиот човек на ФИФА го потпиша знамето додека навивачот извикуваше “Слободна Палестина”.
Инаку, Шпанија ја совлада Франција со резултат 2:0 и се пласираше во финалето на Мундијалот.
🇵🇸Претседателот на ФИФА Жани Инфантино потпиша знаме на Палестина кое му беше подадено од навивач, додека тој извикуваше “СЛОБОДНА ПАЛЕСТИНА” пред него за време на полуфиналето Франција против Шпанија. pic.twitter.com/q1F9MND5oD
— The Saviour (@TheSaviour) July 15, 2026